|
Microsoft® Open License е програма за количинско лиценцирање наменета за корпорациски, државни, добротворни и академски организации, кои нарачуваат најмалку 5 лиценци. По почетната нарачка, купувачите во рамките на оваа програма добиваат значително поповолни цени за сите лиценци во текот на двегодишното траење на нивните авторизациски броеви.
Погодностите кои ги овозможува Microsoft Open License програмата, се:
- Значителни попусти на малопродажните цени.
- Можност да се набават најнови верзии на Microsoft-овиот софтвер по пат на Software Assurance програмата.
- Можност за повторна нарачка за барем една лиценца.
- Полесно управување со лиценците со помош на алатката за нивно електронско следење, наречена eOpen.
|