Пребарување
     
Напредно пребарување
Визија


 

Microsoft ВИЗИЈА 2008, 6-ти пат заедно!

 

Веќе шеста година по ред, Microsoft ВИЗИЈА е најголемата технолошка конференција што се одржува во Република Македонија, која традиционално ги обединува ИТ професионалците, програмерите и менаџерите на едно место. По бројот на учесници и на предавања - од својот почеток па до денес - фокусот на конференцијата се менува соодветно со условите на пазарот и со најновите трендови во технологијата.
 
Со големиот број на стручни предавања и присуството на еминентни домашни и странски предавачи, конференцијата ќе биде можност на едно место да се слушнат експерти од ИТ бизнисот, посетителите да се запознаат со најновите производи и долгорочни стратегии на Microsoft, како и  да разменат мислења и експертиза.

Секоја година, конференцијата созрева, содржината, фокусот и форматот се прилагодува соодветно на Вашите потреби и барања. Има стабилна и водечка улога во локалното ИТ опкружување, било да се работи за технички прашања или за областите на секојдневното деловно работење.

Оваа година големо значење им даваме на новите технологии, со посебен осврт на успешните имплементации на истите на локално ниво. Тие се одлика на иновативноста на компанијата, нејзината определба за посигурна и поефикасна средина за работа, но и за единствено функционално опкружување за корисниците на Мајкрософт технологии.

И оваа година ВИЗИЈА останува како најважното место во Македонија за размена на технички/технолошки информации, место на кое ќе можат да се разменуваат деловни идеи, конкретно знаење и јасни иновации, релевантни за сите учесници – деловни и ИТ ориентирани.

Оваа година Microsoft ВИЗИЈА ќе се одржи во Скопје, на 1 и 2 октомври, во хотел Александар Палас.
 
Посетувајте нè редовно и дознајте повеќе за тоа што Ве очекува на оваа  Microsoft ВИЗИЈА.


 Пишете ни
 ©2007 Microsoft Corporation. All rights reserved. Terms of Use | Privacy Statement | Accessibility